Sony Xperia E3 - Заклучување и отклучување на екранот

background image

Заклучување и отклучување на екранот

Кога уредот е вклучен и е ставен во мирување определен временски период, екранот се
затемнува за да заштеди батерија и автоматски се заклучува. Ова заклучување спречува несакани
активности на екранот на допир кога не го користите. Кога ќе го купите уредот, поставено е
основно заклучување на екранот со лизгање. Тоа значи дека треба да лизгате од средината на
екранот во кој било правец за негово отклучување. Подоцна може да ги промените безбедносните
поставки и да додадете други видови заклучување. Видете Заклучување на екранот на
страницата 38 .

За да се активира екранот

Кратко притиснете го копчето за вклучување .

Отклучување на екранот

Ставете го прстот на екранот и поминете нагоре или надолу.

За да се заклучи екранот

Кога екранот е активен, кратко притиснете го копчето за вклучување .

14

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.