Ограничување на повици
Можете да ги блокирате сите или одредени категории на дојдовни и појдовни повици. Доколку сте
примиле PIN2-код од обезбедувачот на услуги, можете исто така да користите листа со броеви за
фиксно бирање (FDN) за да ги ограничите појдовните повици. Доколку сакате да блокирате
одреден број, посетете ја и преземете апликации од Google Play™ што ја поддржуваат оваа
функција.
Блокирање дојдовни или појдовни повици
1
Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .
2
Најдете и допрете ги опциите Поставки > Поставки за повици.
3
Допрете Забрана за повици и одберете опција.
4
Внесете ја лозинката и допрете ја опцијата Вклучи.
Кога за првпат ја дефинирате блокадата за повици, треба да внесете лозинка за
активирање на функцијата на блокирање повици. Истата лозинка мора да ја внесете и
ако подоцна сакате да ги уредувате поставките за блокирање на повиците.
Вклучување или исклучување на фиксното бирање
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Поставки за повици > Броеви за фиксно
бирање.
3
Допрете Активирај фиксно бирање или Деактивирај фиксно бирање.
4
Внесете го својот PIN2 и допрете OK.
Пристапување до листата на прифатени примачи на повик
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Поставки за повици > Броеви за фиксно
бирање > Броеви за фиксно бирање.
За да се промени PIN2 на SIM-картичката
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Поставки за повици.
3
Допрете Броеви за фиксно бирање > Промени PIN2.
4
Внесете PIN2 од старата SIM-картичка и допрете OK.
5
Внесете PIN2 од новата SIM-картичка и допрете OK.
6
Потврдете го новиот PIN2 и допрете OK.
48
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.