Sony Xperia E3 - Читање и испраќање пораки

background image

Читање и испраќање пораки

Апликацијата Пораки ги прикажува пораките како разговори, што значи дека сите пораки до и од
определено лице се групирани заедно. За да испратите мултимедијална порака, треба да ги
коригирате MMS поставките во уредот. Видете Интернет and MMS поставки
на страница 27 .

Бројот на знаци што може да се испратат во една порака зависи од ограничувањата на
операторот и на користениот јазик. Максималната големина на една мултимедијална
порака, во која е вклучена и големината на додадените медиумски датотеки, исто така
зависи од операторот. Контактирајте со својот мрежен оператор за повеќе информации.

1

Враќање на списокот со разговори

2

Приказ на опции

3

Испратени и примени пораки

4

Копче за испраќање

5

Додавање прилози

6

Приложување локација

7

Приложување белешка во ракопис или слика

8

Сликање и приложување на фотографијата

9

Приложување фотографија зачувана на уредот

10

Поле за текст

Креирање и испраќање порака

1

Од својот Почетен екран, допрете на , потоа пронајдете и допрете .

2

Допрете .

3

Внесете го името или бројот на примачот или другите информации за контакт зачувани за
него и одберете од списокот што ќе се појави. Доколку примачот не е во списокот со
контакти, внесете го неговиот број рачно.

4

Допрете Напишете порака и внесете ја својата текстуална порака.

5

Доколку сакате да додадете прилог, допрете и одберете опција.

6

За да ја испратите пораката, допрете Испрати.

Доколку излезете од пораката пред испраќањето, таа ќе се зачува како нацрт.
Разговорот ќе биде означен со зборот Скица.

58

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Читање примена порака

1

Од Почетен екран, допрете го , па пронајдете и допрете го .

2

Допрете го саканиот разговор.

3

Доколку пораката сѐ уште не е преземена, допрете ја и држете ја, а потоа допрете
Преземи порака.

Сите примени пораки стандардно се зачувуваат во меморијата на уредот.

За да се одговори на порака

1

Од Почетен екран, допрете го , потоа пронајдете и допрете го .

2

Допрете го разговорот со пораката.

3

Внесете го одговорот и допрете го Испрати.

Препраќање пораки

1

Од својот Почетен екран, допрете на , потоа пронајдете и допрете на .

2

Допрете го разговорот со пораката што сакате да ја препратите.

3

Допрете ја и држете ја пораката што сакате да ја препратите, а потоа допрете Препрати
порака
.

4

Внесете го името или бројот на примачот или другите информации за контакт зачувани за
него и одберете од списокот што ќе се појави. Доколку примачот не е во списокот со
контакти, внесете го неговиот број рачно.

5

Уредете ја пораката доколку е потребно и допрете Испрати.

За да зачувате датотека содржана во порака што сте ја примиле

1

Од Почетен екран, допрете го , потоа пронајдете и допрете го .

2

Допрете го разговорот што сакате да го отворите.

3

Ако пораката сè уште не е преземена, допрете ја и задржете ја пораката, а потоа допрете
го Преземи порака.

4

Допрете ја и држете ја датотеката што сакате да ја зачувате, а потоа одберете ја саканата
опција.