Sony Xperia E3 - Управување со датотеките со помош на компјутер

background image

Управување со датотеките со помош на компјутер

Поврзете го уредот со компјутер на Windows

®

со помош на USB-кабел за пренесување и

управување со своите датотеки. Откако ќе ги поврзете двата уреда, можете да влечете и спуштате
содржина меѓу уредот и компјутерот или меѓу внатрешната меморија на уредот и SD-картичката
користејќи го истражувачот на датотеки во компјутерот.

Ако имате персонален компјутер или Apple

®

Mac

®

компјутер, може да ја користите апликацијата

Xperia™ Companion за пристап до системот на датотеки на уредот.

Пренесување датотеки користејќи го режимот на пренесување
медиуми преку Wi-Fi

®

Можете да пренесувате датотеки помеѓу уредот и други компатибилни уреди MTP, како на пример
компјутер, користејќи конекција Wi-Fi

®

. Пред поврзувањето, прво треба да ги спарите двата уреди.

Доколку пренесувате музика, видео, слики или други медиумски датотеки помеѓу уредот и
компјутер, најдобро е на компјутерот да ја користите апликацијата Media Go™. Media Go™ ги
конвертира мултимедијалните датотеки за да можете да ги користите во уредот.

Со цел да ја користите оваа функција, ви треба уред со вклучен Wi-Fi

®

што поддржува

пренесување медиуми, на пример, компјутер што користи Microsoft

®

Windows Vista

®

или

Windows

®

7.

Подготовка на уредот за безжично користење со компјутер

1

Проверете дали режимот на пренесување медиуми е вклучен во уредот. Обично е вклучен
стандардно.

2

Поврзете го уредот со компјутерот користејќи USB кабел.

3

Компјутер: Откако името на уредот ќе се појави на екранот, кликнете Конфигурирај уред
за мрежен пристап
и следете ги инструкциите за да ги поврзете компјутерот и уредот.

4

Кога ќе завршите со поврзувањето, исклучете го USB кабелот од двата уреда.

Безжично поврзување со спарен уред

1

Проверете дали режимот на пренесување медиуми е вклучен во уредот. Обично е вклучен
стандардно.

2

Проверете дали функцијата Wi-Fi

®

е вклучена.

3

Од својот Почетен екран, допрете .

4

Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > USB врска.

5

Во Безжичен пренос на медиуми, одберете го спарениот уред со којшто сакате да
се поврзете.

6

Допрете Поврзи.

Исклучување спарен уред

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > USB врска.

3

Во Безжичен пренос на медиуми, одберете го спарениот уред којшто сакате да го
исклучите.

4

Допрете Дисконектирај.

116

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Отстранување на спарениот уред

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > USB врска.

3

Одберете го спарениот уред што сакате да го отстраните.

4

Допрете Откажи поврзување.