Меморија и складирање
Вашиот уред има различни можности на зачувување и складирање фотографии, апликации и
други датотеки:
•
Внатрешната меморија има околу 1.7 GB и се користи за зачувување преземена и пренесена
содржина заедно со личните поставки и податоци. Примери за тоа се: поставки за аларм, јачина
на звук и јазик, е-пошта, обележувачи, контакти, настани од календарот, фотографии, видеа и
музика.
•
Може да користите и подвижна мемориска картичка од најмногу 32 GB за да добиете повеќе
простор за складирање. Повеќето апликации може да читаат податоци од мемориска картичка, но
само одредени апликации може да зачувуваат датотеки во ваков тип меморија. Може да ја
поставите апликацијата за камера да зачувува фотографии директно во мемориската картичка.
•
Динамичната меморија (RAM) има околу 1 GB и не може да се користи за складирање. RAM се
користи за управување со апликациите што се извршуваат и со оперативниот систем.
Можеби ќе треба одделно да купите мемориска картичка.
Прочитајте повеќе за употребата на меморијата во уредите на Android со преземање на белата
книга за вашиот уред од www.sonymobile.com/support.
Подобрување на изведбата на меморијата
Меморијата на уредот се полни како резултат на нормалната употреба. Доколку уредот е бавен
или апликациите ненадејно се исклучуваат, обидете се со следново:
•
Секогаш имајте повеќе од 100 MB слободна внатрешна меморија и повеќе од 100 MB слободен
RAM.
•
Затворете ги апликациите што работат, а не ги користите.
•
Избришете ја кеш меморијата за сите апликации.
•
Деинсталирајте ги преземените апликации што не ги користите.
•
Пренесете фотографии, видеа и музика од внатрешната меморија во мемориската картичка.
•
Доколку уредот не може да ја прочита содржината од мемориската картичка, треба да ја
форматирате.
Приказ на статусот на меморијата
1
Од својот Почетен екран, допрете ја .
2
Најдете и допрете Поставки > Зачувување.
Прегледување на количината слободен и користен RAM
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Апликации > Вклучени.
Бришење на кеш меморијата за сите апликации
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Зачувување.
3
Допрете Кеширани податоци > ОК.
Кога ќе ја избришете кеш меморијата, нема да изгубите важни информации или поставки.
Пренесување медиумски датотеки во мемориската картичка
1
Проверете дали имате мемориска картичка во телефонот.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Најдете и допрете Поставки > Зачувување > Пренос на податоци на SD-
карт..
4
Обележете ги типовите датотеки што сакате да ги пренесете во мемориската картичка.
5
Допрете Пренос.
Прекин на работата на апликациите и услугите
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Апликации > Вклучени.
3
Одберете апликација или услуга, потоа допрете Прекини.
115
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Форматирање на мемориската картичка
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Зачувување > Избриши ја SD-картичката.
3
За потврда, допрете Избриши ја SD-картичката > Избриши сѐ
Целата содржина од мемориската картичка ќе се избрише при нејзиното форматирање.
Направете резервна копија од сите податоци што сакате да ги зачувате пред
форматирањето на мемориската картичка. За да направите резервна копија од
содржината, може да ја копирате во компјутер. За повеќе информации, видете
Управување со датотеките со помош на компјутер на страницата 116 .