и навигација
Користете Google Maps™ за следење на својата тековна локација, прегледување состојби во
сообраќајот во реално време и примање детални насочувања кон дестинацијата.
Кога прегледувате мапа, користите сообраќај на податоци за да добиете интернет конекција и
податоците се пренесуваат во вашиот уред. Затоа не е лошо да ја зачувате мапата и да ви биде
достапна офлајн пред да тргнете на патување. На тој начин можете да избегнете високи трошоци
за роаминг.
Потребно е користење интернет конекција кога апликацијата Google Maps™ се користи
онлајн. Може да направите трошоци за конекцијата со податоци кога се поврзувате на
интернет од уредот. Контактирајте со својот мрежен оператор за повеќе информации.
Апликацијата Google Maps™ може да не е достапна на секој пазар, држава или регион.
1
Внесете адреса или име за пребарување локација, на пример, име или адреса на ресторан.
2
Одберете начин на транспорт и добијте насочувања кон дестинацијата.
3
Прегледајте го профилот на сметката.
4
Ознака за локација - покажува пребарувана локација на мапата.
5
Покажете ја вашата тековна локација.
6
Прегледајте помош и опции.
Покажување на вашата локација на мапата
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Мапи, потоа допрете .
Пребарување локација
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Мапи.
3
Внесете го името на локацијата што сакате да ја најдете во полето за пребарување.
4
Допрете го копчето Enter на тастатурата за да го вклучите пребарувањето или одберете од
предложените локации на списокот. Доколку пребарувањето е успешно, локацијата е
означена со на мапата.
Насочување
1
Кога ја прегледувате мапата, допрете .
2
Одберете начин на транспорт и потоа внесете ги почетната точка и дестинацијата.
Препорачаните патеки се појавуваат во список.
3
Допрете на опција од списокот со препорачани патеки за да ги прегледате насоките на
мапата.
104
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Да ја направите мапата достапна офлајн
1
Додека ја прегледувате мапата, допрете го полето за пребарување.
2
Лизгајте до дното и допрете Направи ја мапата достапна офлајн. Областа
покажана на мапата ќе се зачува во уредот.
Да дознаете повеќе за Google Maps™
•
Кога користите Google Maps™, допрете , па допрете Помош.