Sony Xperia E3 - Користење локациски услуги

background image

Користење локациски услуги

Локациските услуги им овозможуваат на апликациите како Мапи и камерата да користат
информации од мобилните и Wi-Fi® мрежите, како и информации од Global Positioning System
(GPS) за одредување на вашата приближна локација. Доколку GPS сателитите немаат јасна
прегледност на вашата локација, уредот може да ја одреди со помош на функцијата за Wi-Fi®. А
доколку не сте во опсег на Wi-Fi® мрежа, уредот може да ја одреди локацијата со помош на
мобилната мрежа.
Треба да ги вклучите локациските услуги за да го користите уредот за наоѓање на вашата
локација.

Вклучување услуги за локација

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Локација.

3

Повлечете го надесно лизгачот до Локација.

4

Допрете двапати на Согласен за да потврдите.

Кога ќе ги вклучите услугите за локација, автоматски се вклучуваат и GPS сателити и
Услуга за локација од Google. Секоја од овие опции може рачно да ја исклучите.

Дозвола за апликациите на Google да пристапуваат до вашата локација

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Google > Локација.

3

Повлечете го надесно лизгачот до Локација.

4

Допрете двапати на Согласен за да потврдите.

Кога ќе ги вклучите услугите за локација, автоматски се вклучуваат и GPS сателити и
Услуга за локација од Google. Секоја од овие опции може рачно да ја исклучите.

Подобрување на точноста на GPS

При првото користење на функцијата на GPS на вашиот уред, може да се потребни 5 до 10 минути
за да се најде вашата локација. За да помогнете во пребарувањето, проверете дали имате чист
поглед кон небото. Застанете мирно и не покривајте ја GPS антената (нагласената област на
сликата). GPS сигналите може да поминат низ облаци и пластика, но не и низ најмногу од
цврстите објекти како што се згради и планини. Ако вашата локација не се најде по неколку
минути, преместете се на друга локација.

103

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Google Maps™