Sony Xperia E3 - Контролирање на додатоците и поставките со Smart Connect

background image

Контролирање на додатоците и поставките со Smart
Connect

Користете ја апликацијата Smart Connect за да видите што се случува кога на уредот ќе
приклучите или откачите некој додаток. На пример, може да се одлучите апликацијата FM радио
секогаш да се вклучува кога поврзувате слушалка.
Апликацијата Smart Connect можете да ја користите и за да поставите активирање на едно или
група дејства на уредот во одредено време од денот. На пример, доколку ја поврзете слушалката
помеѓу 7:00 и 9:00 часот, може да се одлучите:

Да се вклучи апликацијата Walkman®.

Веб-пребарувачот да го отвори утринскиот весник.

Јачината на ѕвонењето да се постави на вибрирање.
Со Smart Connect, може да управувате и со додатоците како што се SmartTags и SmartWatch.
Повеќе информации ќе најдете во упатството за корисникот за одредениот додаток.

1

Допрете за прикажување на сите додадени уреди

2

Додавање уред или настан

3

Приказ на опциите на менито

4

Допрете за прикажување на сите додадени настани

5

Допрете за активирање настан

6

Допрете за прегледување детали за настанот

100

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Создавање настан на Smart Connect

1

Од својот Почетен екран, допрете , потоа најдете и допрете .

2

Доколку првпат ја отворате Smart Connect, допрете OK за да го затворите воведниот
екран.

3

На картичката Настани, допрете .

4

Доколку првпат создавате настан, допрете повторно OK за да го затворите воведниот
екран.

5

Додајте услови во коишто сакате да се активира настанот. Условот може да биде
поврзувањето со некој додаток, одреден временски интервал или и двете работи.

6

Допрете

за да продолжите.

7

Додајте што сакате да се случи кога ќе се поврзе додатокот и поставете ги другите
поставки според потребите.

8

Допрете

за да продолжите.

9

Поставете име на настанот, потоа допрете Заврши.

За да додадете Bluetooth® додаток, прво ќе треба да го спарите со вашиот уред.

Уредување настан на Smart Connect

1

Вклучете ја апликацијата Smart Connection.

2

На картичката Настани, допрете настан.

3

Доколку настанот е исклучен, влечете го лизгачот надесно за да го вклучите.

4

Допрете Уреди, потоа прилагодете ги поставките според потребите.

Бришење настан

1

Вклучете ја апликацијата Smart Connection.

2

Во картичката Настани, допрете го и задржете го настанот што сакате да го избришете, а
потоа допрете Избриши настан.

3

Допрете Избриши за да потврдите.

Може и да го отворите настанот што сакате да го избришете и потоа допрете >
Избриши настан > Избриши.

Управување со уреди

Користете ја апликацијата Smart Connect за управување со опсег на паметни додатоци што може
да ги поврзувате со уредот, вклучувајќи SmartTags, SmartWatch и Smart Wireless Headset pro од
Sony. Smart Connect ги презема сите потребни апликации и наоѓа апликации од трети страни кога
се достапни. Претходно поврзаните уреди се прикажуваат во список што ви дозволува да
добивате повеќе информации за карактеристиките на секој уред.

Спарување и поврзување додатоци

1

Вклучете ја апликацијата Smart Connection Доколку првпат ја отворате Smart Connect,
допрете OK за да го затворите воведниот екран.

2

Допрете Уреди, потоа допрете .

3

Допрете OK за да започнете со пребарување уреди.

4

На листата со резултати од пребарувањето, допрете на името од уредот што сакате да го
додадете.

Прилагодување на поставките за поврзаниот додаток

1

Спарете го и поврзете го додатокот со уредот.

2

Вклучете ја апликацијата Smart Connection

3

Допрете Уреди, потоа допрете го името на поврзаниот додаток.

4

Прилагодете ги саканите поставки.