Sony Xperia E3 - Препознавање музика со TrackID™

background image

Препознавање музика со TrackID™

Користете ја услугата TrackID™ за препознавање музика за да ги идентификувате песните што ќе
ги слушнете во околината. Само снимете краток дел од песната и ќе добиете информации за
изведувачот, насловот и албумот за неколку секунди. Може да купувате песни идентификувани од
TrackID™ и да прегледувате топ листи за да видите што бараат корисниците на TrackID™ во
светот. За најдобри резултати, користете ја технологијата TrackID™ во тивка средина.

1

Пребарување онлајн музика

2

Приказ на опции

3

Приказ на тековните музички топ листи

4

Приказ на историјата со резултати од пребарувањето

5

Главен екран за снимање музика

6

Дознајте која музика ја слушате

Апликацијата TrackID™ и услугата TrackID™ не се поддржани во сите држави/ региони
или од сите мрежи и/или обезбедувачи на услуги во сите области.

Идентификување музика со помош на технологијата TrackID™

1

Од Почетен екран, допрете

2

Пронајдете и допрете TrackID™, потоа држете го уредот кон изворот на музиката.

3

Допрете . Доколку услугата TrackID™ ја препознае песната, резултатите се појавуваат на
екранот.

За да се вратите во почетниот екран на TrackID™, притиснете

.

Прегледување топ листи на TrackID™

Отворете ја апликацијата TrackID™, потоа допрете Топ листи. Се покажува топ листа
од вашиот регион.

Прегледување топ листи на TrackID™ од друг регион

1

Отворете ја апликацијата TrackID™, потоа допрете Топ листи.

2

Допрете > Региони и потоа одберете држава или регион.

Купување песна што ја препознава апликацијата TrackID™

1

Откако апликацијата TrackID™ ќе ја препознае песната, допрете Преземи.

2

Следете ги упатствата на уредот за да го завршите купувањето.

Може да одберете песна за купување и со отворање на картичките Историја и Топ
листи
. Или може да купувате песни што се препознаваат со електронско пребарување
текст во TrackID™.

72

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Споделување песни

1

Откако апликацијата TrackID™ ќе ја препознае песната, допрете Сподели, потоа
одберете начин на споделување.

2

Следете ги инструкциите на уредот за да ја завршите процедурата.

Прегледување на информациите за изведувачот на песната

Откако апликацијата TrackID™ ќе ја препознае песната, допрете Изведувач.

Бришење песна од историјата на песни

1

Отворете ја апликацијата TrackID™, потоа допрете Историја.

2

Допрете наслов на песна, потоа допрете Избриши.

3

Допрете Да за да потврдите.