Sony Xperia E3 - Поставки на фотоапаратот

background image

Поставки на фотоапаратот

Прилагодување на поставките на фотоапаратот

1

Активирајте ја камерата.

2

За да се прикажат сите поставки, допрете .

3

Одберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, потоа уредете ја по желба.

Преглед на поставките за фотоапаратот

Резолуција

Пред да фотографирате, одберете помеѓу неколку резолуции и размери на фотографии.
Фотографијата со повисока резолуција бара повеќе меморија.

5MP
2560×1920(4:3)
Резолуција од 5 мегапиксели со размер 4:3. Прикладно за фотографии што сакате да ги прикажете на екрани без широк
приказ или да ги печатите во висока резолуција.

3.7MP
2560×1440(16:9)
Резолуција од 3,7 мегапиксели со размер 16:9. Прикладно за фотографии што сакате да ги прикажете на широк екран.

2MP
1632×1224(4:3)
Резолуција од 2 мегапиксели со размер 4:3. Прикладно за фотографии што сакате да ги прикажете на екрани без широк
приказ или да ги печатите во висока резолуција.

2MP
1920×1080(16:9)

79

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Резолуција од 2 мегапиксели со размер 16:9. Прикладно за фотографии што сакате да ги прикажете на широк екран.

ВГА
640×480(4:3)
Формат VGA со размер 4:3.

Овие поставки се достапни само во режимот на снимање Рачно.

Автоматски тајмер

Со автоматскиот тајмер можете да фотографирате без да го држите уредот. Користете ја оваа
функција за да правите авто-портрети или групни фотографии каде сите може да бидат на
фотографијата. Можете исто така да го користите автоматскиот тајмер за да избегнете тресење на
камерата кога правите фотографии.

Вклучено (10 секунди)
Поставете одложување од 10 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот на
фотографирање.

Вклучено (2 секунди)
Поставете одложување од 2 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот на
фотографирање.

Исклучено
Фотографијата се прави веднаш штом ќе го допрете екранот на камерата.

Smile Shutter™

Пред да фотографирате, употребете ја функцијата Smile Shutter™ за да одредите на каков вид
насмевка реагира камерата.

Режим на фокусирање

Функцијата на фокусирање контролира кој дел од фотографијата треба да биде остар. Кога е
вклучен континуираниот автоматски фокус, камерата продолжува да го прилагодува фокусот, па
така областа во обоената рамка на фокусот останува остра.

Поединечен автом. фокус
Камерата автоматски се фокусира на одбраниот предмет. Вклучен е континуираниот автоматски фокус. Допрете го и
држете го екранот на камерата сѐ додека жолтата рамка на фокусот не стане сина, што означува дека фокусирањето е
поставено. Фотографијата се прави кога ќе го ослободите прстот.

Препознавање на лице
Камерата автоматски открива до пет човечки лица означени со рамки на екранот. Камерата автоматски се фокусира на
најблиското лице. Можете и да одберете кое лице да се фокусира со негово допирање на екранот. Кога ќе го допрете
екранот на камерата, сината рамка покажува кое лице е одбрано и е во фокусот. Препознавањето на лице не може да се
користи за сите типови на сцени. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.

Фокус при допир
Допрете одредена област на екранот од камерата за да ја поставите областа на фокусот. Исклучен е континуираниот
автоматски фокус. Допрете го и држете го екранот на камерата сѐ додека жолтата рамка на фокусот не стане сина, што
означува дека фокусирањето е поставено. Фотографијата се прави кога ќе го ослободите прстот.

Следење на објект
Доколку изберете предмет со допирање во пронаоѓачот на изглед, камерата ќе го следи за вас.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

HDR

Користете ја поставката HDR (High-Dynamic Range) за фотографирање при силно заднинско
светло или во услови на остар контраст. HDR компензира за загубата на детали и произведува
слика којашто добро ги претставува и темните и светлите подрачја.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Краток приказ

Може да изберете да прикажувате фотографии или видеа веднаш после снимањето.

80

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Неограничено
Краткиот приказ на фотографијата или видеото се појавува после снимањето.

5

секунди

Краткиот приказ на фотографијата или видеото се појавува после снимањето и трае 5 секунди.

3

секунди

Краткиот приказ на фотографијата или видеото се појавува после снимањето и трае 3 секунди.

Уреди
Фотографијата или видеото се отвора за уредување после снимањето.

Исклучено
Фотографијата или видеото се зачувува после снимањето и не се појавува краток приказ.

Регистрирање на лице

Може да регистрирате лица со апликацијата Камера за пронаоѓачот на изглед автоматски да се
фокусира на тие лица кога ќе се појават во пронаоѓачот на изглед.