Поставки на видео камерата
Прилагодување на поставките на видео камерата
1
Активирајте ја камерата.
2
Допрете една од иконите за поставки на екранот.
3
За да се прикажат сите поставки, допрете го .
4
Одберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, па направете ги промените.
Преглед на поставките за видеокамерата
Видео резолуција
Прилагодете ја видео резолуцијата за различни формати.
Целосна HD
1920×1080(16:9)
Формат на целосно HD (Full High Definition) со размер 16:9.
HD
1280×720(16:9)
Формат HD (High Definition) со размер 16:9.
VGA
640×480(4:3)
Формат VGA со размер 4:3.
QVGA
320×240(4:3)
Формат QVGA со размер 4:3.
MMS
Снимајте видеа прикладни за испраќање во мултимедијални пораки. Времето на снимање во овој видео формат е
ограничено за да ја собере видеодатотеката во мултимедијална порака.
Автоматски тајмер
Со автоматскиот тајмер можете да снимате видео клип без да го држите уредот. Користете го да
снимате групни видео клипови каде сите можат да бидат снимени. Можете да го користите
автоматскиот тајмер и за да избегнете тресење на камерата при снимање видео клипови.
Вклучено (10 секунди)
Поставете одложување од 10 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот кога видео
клипот почнува да се снима.
Вклучено (2 секунди)
Поставете одложување од 2 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот кога видео
клипот почнува да се снима.
Исклучено
81
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Видео клипот почнува да се снима веднаш штом го допрете екранот на камерата.
Smile Shutter™(
видео)
Користете ја функцијата Smile Shutter™ за да одредите на каков вид насмевка реагира камерата
пред да снимате видео.
Режим на фокусирање
Поставката на фокусот контролира кој дел од видео клипот треба да биде остар. Кога е вклучен
континуираниот автоматски фокус, камерата продолжува да го прилагодува фокусот па така
областа во белата рамка на фокусот останува остра.
Поединечен автом. фокус
Камерата автоматски се фокусира на одбраниот предмет. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.
Препознавање на лице
Камерата автоматски открива до пет човечки лица, означени со рамки на екранот. Камерата автоматски се фокусира на
најблиското лице. Можете и да одберете кое лице да се фокусира со негово допирање на екранот. Кога ќе го допрете
екранот на камерата, жолтата рамка покажува кое лице е одбрано и е во фокусот. Препознавањето лица не може да се
користи за сите типови на сцени. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.
Следење на објект
Доколку изберете објект со допирање во пронаоѓачот на изглед, камерата ќе го следи за вас.
Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.
Премерување
Оваа функција автоматски одредува добро балансирана експозиција преку мерење на количината
на светлина којашто паѓа на сликата што сакате да ја направите.
Средно
Прилагодете ја експозицијата кон центарот на сликата.
Просечно
Пресметајте ја експозицијата според количината на светлина што паѓа на целата слика.
Точка
Ја прилагодува експозицијата во многу мал дел од сликате што сакате да ја направите.
Видео стабилизатор
Кога снимате видео клип, може да биде тешко да го држите уредот мирно. Стабилизаторот помага
преку компензирање за малите движења на раката.
Микрофон
Одберете дали да се слуша звукот од околината кога снимате видеа.
Краток приказ
Може да изберете да прикажувате видеа веднаш по снимањето.
Вклучено
Краткиот приказ на видеото се појавува по снимањето.
Уреди
Видеото се отвора за уредување по снимањето.
Исклучено
Видеото се зачувува по снимањето и не се појавува краток приказ.
82
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.