Sony Xperia E3 - Општи поставки на камерата

background image

Општи поставки на камерата

Преглед на поставките за режимот на снимање

Автоматско препознавање сцена
Оптимизирајте ги поставките за да одговараат на секоја сцена.

Рачно
Рачно прилагодете ги поставките на камерата.

AR

ефект

Сликајте со виртуелни сцени и ликови.

Креативен ефект
Применете ефекти на фотографиите или видеата.

Timeshift burst
Најдете ја најдобрата фотографија од неколку слики.

Social live
Пренесувајте видео во живо на Facebook™.

Проширена панорама
Користете ја оваа поставка за да сликате широкоаголни, панорамски фотографии. Само допрете го екранот и мирно
движете ја камерата од една страна на друга.

Автоматско препознавање сцена

Режимот автоматско препознавање сцена ги открива условите во коишто снимате и автоматски ги
прилагодува поставките за да овозможи да ја направите најдобрата можна фотографија.

Рачен режим

Користете го рачниот режим кога сакате рачно да ги прилагодите поставките на камерата за
снимање и фотографирање.

AR-

ефект

На вашите фотографии можете да применувате AR (зголемена реалност) ефекти и да ги
направите посмешни. Оваа поставка ви дозволува да интегрирате 3D сцени во вашите
фотографии како што ги снимате. Само одберете ја саканата сцена и прилагодете ја нејзината
местоположба во пронаоѓачот на изглед.

Креативен ефект

Може да применувате различни ефекти на фотографиите или видеата. На пример, може да
додадете носталгичен ефект за класичен изглед на фотографиите или ефект на скица за
поинтересна слика.

Timeshift burst

Камерата слика серија од 31 фотографија за време од две секунди – една секунда пред и после
притискањето на копчето за камерата. Може да се вратите и да ја најдете совршената слика.

Social live

Social live е режим на снимање со камерата кој ви овозможува да стримувате видео во живо на
вашата Facebook™ страница. Потребна ви е само активна интернет конекција и да бидете
најавени на Facebook™. Видеото може да биде долго најмногу 10 минути.

Брзо стартување

Користете поставки за Брзо стартување за стартување на камерата кога екранот е заклучен.

Гео-означување

Означете фотографии со детали каде сте ги направиле.

78

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Снимање со допир

Одредете ја областа за фокусирање и потоа допрете го со прстот екранот на камерата.
Фотографијата се прави веднаш штом ќе го ослободите прстот.

Меморија

Може да одберете да ги чувате своите податоци или на SD-картичка што може да се отстранува,
односно на внатрешната меморија на уредот.

Внатрешна меморија
Фотографиите или видеата се чуваат во меморијата на уредот.

SD-

картичка

Фотографиите или видеата се чуваат на SD-картичката.

Баланс на бела боја

Оваа функција го прилагодува балансот на бои според осветлувањето. Иконата за поставката на
балансот на бела боја достапна е на екранот од камерата.

Автоматски
Го прилагодува балансот на бои автоматски според осветлувањето.

Усвитеност
Го прилагодува балансот на бои за топло осветлување, како под светилки.

Флуоресцентна
Го прилагодува балансот на бои за флуоресцентно осветлување.

Дневна светлина
Го прилагодува балансот на бои за надворешни, сончеви услови.

Облачно
Го прилагодува балансот на бои за облачно време.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.