Контрола на користењето податоци
Можете да го следите и контролирате количеството податоци коишто уредот ги испраќа и ги прима
во даден период преку мобилната конекција за пренесување податоци или преку Wi-Fi®
конекцијата. На пример, можете да го прегледате количеството податоци коешто го користат
одделните апликации. За податоци пренесени преку мобилната конекција за пренесување
податоци можете да поставите предупредувања и ограничувања за да избегнете дополнителни
трошоци.
Прилагодувањето на поставките за користење податоци може да ви помогне да имате
поголема контрола врз користењето податоци, но не може да гарантира спречување
дополнителни трошоци.
Вклучување или исклучување сообраќај на мобилни податоци
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Користење податоци.
3
Повлечете го лизгачот покрај Моб. сообраќај на подат. за да го вклучите или
исклучите сообраќајот на мобилни податоци.
Кога сообраќајот на мобилни податоци е исклучен, вашиот уред сè уште може да
воспоставува Wi-Fi® и Bluetooth® конекции.
Поставување предупредување за користењето податоци
1
Проверете дали е вклучен сообраќајот на мобилни податоци.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Најдете и допрете Поставки > Користење податоци.
4
За поставување на нивото за предупредување, влечете ја линијата за предупредување до
саканата вредност. Кога количеството на сообраќајот на податоци ќе се доближи до
поставеното ниво, ќе добиете предупредување.
31
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Поставување ограничување за користењето мобилни податоци
1
Проверете дали е вклучен сообраќајот на мобилни податоци.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Најдете и допрете Поставки > Користење податоци.
4
Обележете го полето за избирање Постави ограничување ако веќе не е обележано,
па допрете OK.
5
За да поставите ограничување за користењето мобилни податоци, влечете ја линијата до
саканата вредност.
Откако користењето мобилни податоци ќе го достигне поставеното ограничување,
сообраќајот на мобилни податоци автоматски се исклучува на вашиот уред.
Контрола на користењето мобилни податоци од страна на одделните апликации
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Користење податоци.
3
Најдете ја и допрете ја саканата апликација.
4
Обележете го полето за избирање Забрани позад. податоци.
5
За пристап до поспецифични поставки за апликацијата (ако се достапни), допрете
Прикажи поставки на апликацијата и направете ги саканите промени.
Промената на поставките за користење податоци на одделни апликации може да влијае
на нивните перформанси.
Преглед на податоци пренесени преку Wi-Fi®
1
Пронајдете и допрете го Поставки > Користење податоци.
2
Допрете го , па обележете го полето за избор Покажи Wi-Fi користење, ако веќе не
е обележано.
3
Допрете ја картичката Wi-Fi.