Sony Xperia E3 - Полнење на уредот

background image

Полнење на уредот

Батеријата е делумно полна кога ќе го купите уредот. Уредот можете да го користите и кога се
полни. Прочитајте повеќе за батеријата и за подобрувањето на перформансите во Управување
со батерии и енергија
на страницата 112 .

Полнење на уредот

1

Приклучете го полначот во штекер.

2

Приклучете го едниот крај од USB кабелот во полначот (или во USB-портата на
компјутерот).

3

Приклучете го другиот крај на кабелот во микро USB-портата на уредот, со USB-симболот
завртен нагоре. Светлото за известување ќе светне штом полнењето започне.

4

Кога уредот е целосно наполнет, исклучете го кабелот од уредот повлекувајќи го нанадвор.
Внимавајте конекторот да не се свитка.

Доколку батеријата е целосно испразнета, може да поминат неколку минути пред да
светне светлото за известување и да се појави иконата за полнење

.

Статус на светлото за известување за батеријата

Зелено

Нивото на полнење на батеријата е поголемо од 90%

Црвено трепкање

Батеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е помало од 15%

Портокалово

Батеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е помало од 90%

11

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.