Sony Xperia E3 - Зошто ми треба сметка на Google™?

background image

Зошто ми треба сметка на Google™?

Уредот Xperia™ од Sony работи со платформа на Android™ развиена од Google™. При
купувањето на уредот ви се достапни одредени апликации и услуги на Google™, како на пример,
Gmail™, Google Maps™, YouTube™ и Play Store™ апликацијата, која ви дава пристап до Google
Play™ електронската продавница за преземање апликации на Android™. За најдобро да ги
искористите овие услуги, ви треба сметка на Google™. На пример, сметката на Google™ е
задолжителна доколку сакате:

Да преземате и инсталирате апликации од Google Play™.

Да ги синхронизирате е-поштата, контактите и календарот со помош на Gmail™.

Да разговарате со пријателите користејќи ја апликацијата Hangouts™.

Да ја синхронизирате вашата историја на прелистување и обележувачите со користење на Google
Chrome™ веб-пребарувачот.

Идентификувајте се како овластен корисник по поправка на софтверот користејќи Xperia™
Companion.

Далечински да го пронајдете, заклучите или избришете изгубениот или украдениот уред со помош
на услугите my Xperia™ или Управувач со уреди на Android™.

10

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За повеќе информации во врска со Android™ и Google™, одете на http://support.google.com.

Од клучно значење е да го запаметите корисничкото име и лозинката на вашата Google™
сметка. Во некои ситуации, можеби ќе треба да се идентификувате од безбедносни
причини со користење на вашата Google™ сметка. Ако не го дадете вашето корисничко
име и лозинка за Google™ во такви ситуации, вашиот уред се заклучува. Исто така, ако
имате повеќе Google™ сметки, погрижете се да ги внесете деталите за релевантната
сметка.

Поставување сметка на Google™ во уредот

1

Најдете и допрете го Поставки > Додај сметка > Google.

2

Следете го волшебникот за регистрација за да креирате сметка на Google™ или најавете
се доколку веќе имате сметка.

Можете и да се пријавите или да креирате сметка на Google™ од волшебникот за
поставување кога првпат ќе го вклучите уредот. Или можете да одите онлајн и да
креирате сметка на www.google.com/accounts.