Sony Xperia E3 - Збир на функции

background image

Збир на функции

На екранот има заштитна пластична фолија. Фолијата мора да се отстрани пред да се користи
екранот на допир. Во спротивно, екранот на допир може да не функционира правилно.

Отстранување на задниот капак

Вметнете го ноктот во празнината (како што е прикажано на сликата) и подигнете го
капакот.

7

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Вметнување микро SIM-картичка

Отстранете го капакот на батеријата и вметнете ја микро SIM-картичката во нејзиниот
отвор со златно обоените контакти свртени надолу.

За правилна работа на телефонот мора да користите микро SIM-картичка. Некои SIM-
картички со стандардна големина овозможуваат да се издвои интегрирана микро SIM-
картичка. Откако ќе ја издвоите микро SIM-картичката од стандардната SIM-картичка, не
можете повеќе да ја вратите и да ја користите SIM-картичката со стандардна големина.
Ако немате микро SIM-картичка или ако од SIM-картичката што ја имате не може да се
издвои микро SIM-картичка, контактирајте со мрежниот оператор за информации за
добивање или замена на SIM-картичката.

Отстранување на микро SIM-картичката

1

Отстранете го поклопецот на батеријата.

2

Лоцирајте го отворот од SIM-картичката и клипот на затворачот.

3

Притиснете го надолу клипот на затворачот со нокотот со истовремено туркање на микро
SIM-картичката.

4

Извлечете ја SIM-картичката целосно од отворот.

Не користете остри предмети за да ја истуркате картичката од отворот бидејќи тоа може
да го оштети уредот.

8

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Вметнување мемориска картичка

1

Отстранете го задниот капак.

2

Вметнете ја мемориската картичка во отворот, со златно обоените контакти свртени
надолу.

Отстранување на мемориската картичка

1

Исклучете го уредот или разврзете ја мемориската картичка од Поставки >
Зачувување > Отстрани ја SD-картичката.

2

Извадете го задниот капак, па извлечете ја мемориската картичка кон надвор за да ја
извадите.

Ставање на задниот капак

1

Поставете го задниот капак врз задниот дел од уредот, потоа притиснете надолу на
долните агли за да легнат на своето место.

2

Движејќи се од долу нагоре, притиснете ги страните на капакот додека не се намести на
место со кликнување.